34-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ 18-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ПОТВРДЕНИ НОВИ 357 СЛУЧАИ НА ЗАРАЗА ОД 1.387 ТЕСТОВИ

    34-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ 18-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ПОТВРДЕНИ НОВИ 357 СЛУЧАИ НА ЗАРАЗА ОД 1.387 ТЕСТОВИИнститутот за јавно здравје регистрираше уште 689 оздравени пациенти (Фото: К. Попов)

    Осумнаесет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, додека во исто време се потврдени 357 нови случаи на зараза од направените 1.387 тестирања.

    Најмногу нови случаи има во Скопје – 132, па следуваат Куманово – 15, Дебар – 4, Штип – 11, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струга – 9, Велес – 4, Битола – 18, Охрид – 24, Кавадарци – 18, Гостивар – 8, Гевгелија – 18, Струмица – 18, Крива Паланка – 5, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 8, Пробиштип – 5, Валандово – 1, Виница – 1, Делчево – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 8, Ресен – 8 и Неготино – 6.

    Институтот за јавно здравје регистрираше уште 689 оздравени пациенти и тоа: Скопје – 263, Куманово – 36, Штип – 40, Прилеп – 43, Тетово – 27, Струга – 37, Велес – 40, Битола – 39, Охрид – 34, Кавадарци – 23, Гостивар – 31, Гевгелија – 8, Струмица – 5, Крива Паланка – 3, Радовиш – 4, Крушево – 1, Кочани – 13, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Виница – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 7, Кичево – 3, Ресен – 3 и Неготино – 16.

    Ковид-19 однесе уште 18 животи во Македонија: седум од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58 години), еден од Куманово (60), два од Струга (70 и 82), два од Битола (48 и 78), четири од Охрид (84, 82, 70 и 78), еден од Кочани (55) и еден од Ресен (72). Сите се починати во болнички услови.

    Од почетокот на епидемијата, во земјава се дијагностицирани 78.305 заразени, 54.034 оздравени и 2.292 починати, а бројот на активни случаи е 21.979.

    Дистрибуцијата по градови е:

    • Скопје 33.779, активни 11.822

    • Куманово 4.463, активни 600

    • Дебар 590, активни 175

    • Штип 3.188, активни 383

    • Прилеп 3.931, активни 854

    • Тетово 4.602, активни 997

    • Струга 1.905, активни 410

    • Велес 2.599, активни 616

    • Битола 2.866, активни 805

    • Охрид 2.215, активни 632

    • Кавадарци 1.880, активни 629

    • Гостивар 3.229, активни 698

    • Гевгелија 1.053, активни 328 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 178 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 2.160, активни 636

    • Крива Паланка 567, активни 135

    • Радовиш 577, активни 139

    • Крушево 155, активни 70

    • Кочани 1.519, активни 274

    • Пробиштип 428, активни 65

    • Демир Хисар 227, активни 44

    • Македонски Брод 209, активни 33

    • Пехчево 128, активни 21

    • Берово 468, активни 96

    • Валандово 275, активни 59

    • Виница 427, активни 103

    • Делчево 642, активни 290 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 181, активни 24

    • Свети Николе 1010, активни 157

    • Кичево 1.509, активни 335

    • Ресен 600, активни 173

    • Неготино 923, активни 376 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Последните 1.387 тестови се направени преку: ИЈЗ – 466, ЦЈЗ Скопје – 35, Авицена – 220, Биотек – 130, МАНУ – 113, Жан Митрев (Филип Втори) – 84, Систина со ПЦР метод – 141, лабораторија Лаор – 40, ЦЈЗ Битола – 74, Инфективна клиника – 3, Синлаб – 18, ЈЗУ (рапид тест) – 59, УК Пулмологија со алергологија – 4. Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања за Ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира