39.052 ГЛАСАЧИ ОД УТРЕ ДО 19 АВГУСТ МОРА САМИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ АКО САКААТ ДА ГЛАСААТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    39.052 ГЛАСАЧИ ОД УТРЕ ДО 19 АВГУСТ МОРА САМИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ АКО САКААТ ДА ГЛАСААТ

    Државната изборна комисија утре ќе ги објави имињата на сите 39.502 спорни записи од Избирачкиот список и ќе остави 25 дена овие гласачи да го докажат со валиден документ своето избирачко право. За да бидат повторно запишани во Избирачкиот список, треба овие идентитети дополнително да се пријават, лично во ДИК или преку електронска пријава. Оние кои нема да се пријават, како што појасни независниот експерт во ДИК Атанас Урумов, на вчерашната седница на Комисијата, ќе останат надвор од Списокот.

    Идентитетот на граѓаните ќе се утврдува со лична карта или со патна исправа. При електронско пријавување, секој граѓанин преку пријава од апликацијата на ДИК, со матичен број и скениран личен документ, од кој ќе може да се прочитаат личните податоци, ќе може тоа да го стори без физичко присуство.

    Пријавувањето почнува исто така од утре. Ќе трае од 8.30 до 19 часот секој ден до 19 август.  ДИК ќе ги објави имињата на лицата на нивната веб страница, во подрачни одделенија, месните канцеларии на Министерство за правда и на Управа за водење на матични книги. До сите спорни гласачи ДИК ќе испрати и писмо преку кое ќе се информираат за потребата од пријавување. Паралелно ќе се води води медиумска кампања.

    Бедредин Ибраими од ДПА напомена дека во шестата изборна единица има повторно надминување на бројот на гласачи и се направени поголеми отстапки од тоа што е предвидено.

    “Изборна единица број 6 брои 309.000, а тоа процентуално е плус 5,1 отсто во однос на избирачи на изборни единици. Не е лошо да пријавиме до Министерството дека и покрај оваа интервенција, повторно имаме надминување во оваа изворна единица“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира