4 ПОЧИНАТИ, НОВИ 118 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 74 СЕ ОЗДРАВЕНИ

    4 ПОЧИНАТИ, НОВИ 118 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 74 СЕ ОЗДРАВЕНИВо Градската општа болница „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Четири лица починаа по компликации од коронавирус, а во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања и регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5, соопшти Министерството за здравсто.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58) примен на 9 јуни, пациент (73) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73) примена во боlницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.

    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 5.311, оздравени пациенти се 2.048, починати се 251, аима 3.012 активни случаи.

    Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 2.588, активни 1.734
    • Куманово 703, активни 250
    • Дебар 83, активни 31
    • Штип 276, активни 186
    • Прилеп 235, активни 17
    • Тетово 558, активни 322
    • Струга 181, активни 101
    • Велес 169, активни 34
    • Битола 43, активни 14
    • Охрид 120, активни 100
    • Кавадарци 11, активни 6
    • Гостивар 87, активни 50
    • Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 12, активни 8
    • Крива Паланка 11, активни 5
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 61, активни 27
    • Пробиштип 13, активни 10
    • Демир Хисар 1, активни 0
    • Македонски Брод 3, активни 1
    • Пехчево 5, активни 2
    • Берово 2, активни 1
    • Валандово 6, активни 4
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 2
    • Свети Николе 17, активни 15
    • Кичево 9, активни 6
    • Ресен 70, активни 69
    • Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори) -179, Судска медицина-13 и Систина со ПЦР метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 402
    • Аеродром – 136
    • Бутел – 138
    • Гази Баба – 150
    • Центар – 131
    • Карпош – 116
    • Сарај – 137
    • Кисела Вода – 98
    • Ѓорче Петров – 80
    • Студеничани – 86
    • Шуто Оризари – 73
    • Арачиново – 49
    • Илинден – 31
    • Петровец – 16
    • Чучер Сандево – 15
    • Сопиште – 12
    • Зелениково-2
    • Странец – 4
    • Нераспределен-4

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира