400 КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА ЌЕ БИДАТ РЕКОНСТРУИРАНИ СО 86 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ

    400 КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА ЌЕ БИДАТ РЕКОНСТРУИРАНИ СО 86 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈПремиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договорот со Европската банка за обнова и развој во Лондон. (Фото: Министерство за финансии)

    Преку 400 километри регионални и локални патишта ќе бидат реконструирани со средства во износ од 86 милиони евра кои Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и ги додели на Македонија, соопшти Министерството за финансии.

    Делегација предводена од претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во која е и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска остварија во Лондон.

    Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска во Лондон имаа средба со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти, на која што беше потпишан договорот за користење на 86 милиони евра, што е втора транша од заем од вкупно 181 милиони евра од ЕБОР за подобрување на македонската инфраструктура. Со оваа транша е предвидено да се реконструираат 26 делници од регионални и локални патишта.

    ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. Банката досега потпишала 90 проекти во земјата во износ од 1,6 милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира