Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска објави дека се урива „Али тобако“ на Бит Пазар откако успешно завршиле преговорите со сопственикот. Нелегалниот објект се наоѓаше на пешачка патека и целосно го блокираше движењето низ неа.
Ѓорѓиевски денеска на својот фејсбук профил објави фотографија на која се ракува со сопственикот на објектот и напиша: „Добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“.
Градоначалникот Ѓорѓиевски пред 4 месеци најави дека ќе ги отстрани сите објекти кои узурпираат јавен простор.
„На Бит Пазар има едно тобако од коешто е невозможно да се функционира, се наоѓа на сред велосипедска и пешачка патека. Ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните, таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред“, изјави тогаш Ѓорѓиевски.



