Заврши бесплатната летна Еуролинк балетска школа. Под раководство на балетскиот првенец Горан Божинов, 45 балерини и балетани во петокот го одржаа завршниот час со настап во големата балетска сала на Македонската опера и балет.
На крајот од настапот, првенецот Божинов им врачи дипломи на младите балерини и балетани.
„Ја продолживме традицијата на летната балетска школа, а со тоа им помогнавме на младите идни балерини и балетани во остварување на сонот. Повеќето од децата се веќе трета година со нас и е задоволство да се гледа како растат, напредуваат и своите соништа ги оформуваат заедно со Еуролинк осигурување“, рече Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување, што ја организираалетната балетска школа.
Летната балетска школа е дел од платформата на Еуролинк за корпоративна одговорност „Вашата врска со вистинските вредности“.