500 ЕВРА КАЗНА ЌЕ ПЛАТИ ГРАЃАНИНОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ИСПРСКА ГРУЕВСКИ СО СПРЕЈ

    500 ЕВРА КАЗНА ЌЕ ПЛАТИ ГРАЃАНИНОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ИСПРСКА ГРУЕВСКИ СО СПРЕЈСо приведениот граѓанин, во станица беше и однесен неговиот велосипед. - Аматерска фотографија од синоќешниот инцидент

    Министерството за внатрешни работи му поднесе две прекршочни пријави и му изрече парична казна од 500 евра на 36-годишниот Р.Р., кој синоќа на митингот во Центар се обиде да го испрска со спреј лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    „Против Р.Р ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра“, соопшти МВР.

    По инцидентот кај хотел „Јадран“, во полициската станица „Беко“ дошол Д.Г. од Орешани, кој бил во публиката во непосредна близина на бината, и пријавил дека бил испрскан од спреј-солзавец од страна на Р.Р.

    Полицијата синоќа го приведе Р.Р., кој откако не успеа во обидот да го испрска Груевски, бил запрен од обезбедувањето и тој тогаш се обидел нив да ги испрска со спреј. При интервенцијата на полицијата, додека полицајците го ставале во комбе, со лисици на рацете, тој им рекол: „Добро бе, зар да ќутам?“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира