На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје информира и за уште два смртни случаи, жител на Велес кој починал пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан пост мортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на КОВИД – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај. Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица од КОВИД-19.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.
За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 483 лица, од кои 20 излечени и 17 починати. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 221
Куманово -93
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 24
Тетово – 17
Струга – 23
Велес – 9
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 7
Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 240, преку Ветеринарен факултет – 25, Авицена – 22, Биотек – 0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 127. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на КОВИД-19.