53 НОВОЗАБОЛЕНИ, 25 ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОРОНАВИРУС ЗА ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    53 НОВОЗАБОЛЕНИ, 25 ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОРОНАВИРУС ЗА ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОВо изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово - 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2. (Фото: K. Попов )

    Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

    Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на КОВИД-19.

    По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.170, од кои 164 излечени, 49 починати и 957 активни.

    По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

    Скопје – 401
    Куманово – 320
    Дебар – 51
    Штип-32
    Прилеп –112
    Тетово – 52
    Струга – 55
    Велес – 55
    Битола –17
    Охрид –7
    Кавадарци – 4
    Гостивар –12
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 26
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2

    Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен факултет -15 , Авицена –8, Биотек –0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со ПЦР метода – 61 . Досега во земјата се направени вкупно 11.556 тестирања на Ковид -19.

    На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.

    Во Штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира