До 10 часот на гласање излегле 6,16 отсто од гласачите во вториот круг од претседателските избори, соопшти Државната изборна комисија по обработени 99,68 отсто од избирачките места. Во првиот круг, излезноста до 10 часот беше 6,23 отсто.
Право на глас имаат 1.808.131, а за да биде успешен вториот круг и да биде избран претседател, потребно е излезноста да биде над 40 отсто, односно на гласање да излезат 723.252 гласачи. До 10 часот гласале 111.028 избирачи.
„На избирачките места веќе три и пол часа се гласа, сѐ тече мирно и без неправилности“, велат од ДИК.
По општини, најголема излезност има во Крива Паланка со 14,91%, по што следуваат Демир Капија со 13,24%, Кратово со 12,46% и Берово со 11,06%. Најмала излезност има во Врапчиште со 1,16%, па Дебар со 1,29% и Боговиње со 1,31%.
Во Охрид и Ново Село денеска се одржува и вториот круг од изборите за градоначалник.