6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТОНИ ЈАКИМОВСКИ, ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА МИЈАЛКОВ, ЗА ПРОНЕВЕРА НА 820 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД КАСАТА НА УБК

    6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТОНИ ЈАКИМОВСКИ, ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА МИЈАЛКОВ, ЗА ПРОНЕВЕРА НА 820 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД КАСАТА НА УБКТони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, беше обвинет дека со уште двајца од УБК проневериле 820 илјади евра државни пари. (Фото: СДК.МК)

    Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска во Основниот кривичен суд беше неправосилно осуден на 6 години затвор во предметот „Специјална каса“, соопшти судот. Неговиот колега од УБК Стево Маџовски доби казна затвор од 4 години, а третообвинетата Кристина Јосифовска доби ослободителна пресуда. Тие беа обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања.

    Според пресудата, неправосилно осудените подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно судот утврдил дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на УБК и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација.

    Според обвинението, станува збор за проневерени 820 илјади евра државни пари во периодот од 2007 до 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира