6 ПОЧИНАТИ, 182 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 107 СЕ ОД СКОПЈЕ

    6 ПОЧИНАТИ, 182 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 107 СЕ ОД СКОПЈЕВо Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје починати се пет лица. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во изминатите 24 часа Министерството за здравство регистрира шестмина полинати и 182 нови случаи на КОВИД-19. Направени се 1.348 тестирања.

    Починатите се двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ починале пет лица – еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни, пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни, а кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години, и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години.

    Во болницата во Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

    Новозаболените по градови се од:

    – Скопје 107
    – Куманово 14
    – Штип 4
    – Тетово 23
    – Струга 5
    – Битола 2
    – Охрид 6
    – Гостивар 4
    – Струмица 1
    – Кочани 1
    – Берово 1
    – Ресен 13
    – Неготино 1

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.

    Активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера по завршување на епидемиолошките анкети се

    • Чаир – 336
    • Аеродром – 125
    • Бутел – 118
    • Гази Баба – 128
    • Центар – 121
    • Карпош – 103
    • Сарај – 105
    • Кисела Вода – 80
    • Ѓорче Петров – 62
    • Студеничани – 71
    • Шуто Оризари – 51
    • Арачиново – 38
    • Илинден – 24
    • Петровец – 12
    • Чучер Сандево – 8
    • Сопиште – 12
    • Зелениково- 1
    • Странец – 3
    • Нераспределен-4

    Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 4.664, оздравени се 1.836, починати се 216, а активни случаи има 2.612.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира