Во изминатите 24 часа по компликации од коронавирус починаа 6 лица, две пациентки од Скопје на 56 и на 75 години, пациент од Куманово (91.), пациент од Гостивар (64), пациент од Тетово (82) и пациент од Штип (58.) Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство, не наведувајќи во кои болници.
Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.
Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5.
Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 11.289, оздравеа 7.221, починаа 511, а во моментов активни случаи им 3.557.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4966, активни 1303
• Куманово 1102, активни 262
• Дебар 208, активни 118
• Штип 887, активни 433
• Прилеп 336, активни 46
• Тетово 1066, активни 212
• Струга 469, активни 187
• Велес 227, активни 22
• Битола 146, активни 66
• Охрид 283, активни 76
• Кавадарци 83, активни 63
• Гостивар 499, активни 288
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 106, активни 20
• Пробиштип 57, активни 22
• Демир Хисар 34, активни 26
• Македонски Брод 41, активни 35
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 25, активни 21
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 7
• Свети Николе 230, активни 134
• Кичево 179, активни 109
• Ресен 146, активни 21
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со ПЦР метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 168
• Аеродром – 147
• Бутел – 84
• Гази Баба – 133
• Центар – 106
• Карпош – 113
• Сарај – 60
• Кисела Вода – 141
• Ѓорче Петров – 92
• Студеничани – 45
• Шуто Оризари – 108
• Арачиново – 24
• Илинден – 24
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 20
• Зелениково- 7
• Странец – 5