61-ГОДИШНА СКОПЈАНКА РОДИ БЕБЕ ПО 10 ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊА И 10 СПОНТАНИ АБОРТУСИ

    61-ГОДИШНА СКОПЈАНКА РОДИ БЕБЕ ПО 10 ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊА И 10 СПОНТАНИ АБОРТУСИ„Им честитаме на родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме“, рече д-р Алексиоска-Папестиев. (Фото: К. Попов)

    Брачна двојка од Скопје на возраст од 61 и 65 години доби бебе со ин витро оплодување и со сопствена јајце клетка на мајката, кажа денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), д-р Ирена Алексиоска-Папестиев. Двојката е во брак 37 години.

    „Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Таа забременила со сопствена јајце клетка, бременоста била следена во приватна ординација во земјава и се породи на ГАК“, рече директорката на денешната прес-конференција.

    Пациентката била породена во 36. гестациска недела со царски рез со уреден оперативен тек. Родено е живо машко бебе со родилна тежина од 2.350 грама. и 48 санитиметри должина.  И мајката и бебето се во одлична општа состојба и денеска се пуштени дома.

    „Мајката-херој, како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 инвитро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции. Во текот на оваа бременост пациентката имала покачен крвен притисок и дијабет 2, но бременоста била уредна и контролирана. Им честитаме на родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме“, рече д-р Алексиоска-Папестиев.

    Според податоците од ГАК, во регионот највозрасна прворотка е Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка, и Афифа (61 година) исто така од Србија, која по 3 неуспешни ин витро интервенции забременила од четвртата. Во Европа највозрасна прворотка е 62-годишна ена во Шпанија, а во светот 76-годишничка во Индија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира