67 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 868 ТЕСТОВИ, ЕДЕН ПОЧИНАТ

    67 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 868 ТЕСТОВИ, ЕДЕН ПОЧИНАТНа Инфективна клиника примени се шест нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 40, а ниту еден не е на машина за дишење. (Фото: К. Попов)

    Шеесет и седум новозаболени пациенти од КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од 868 тестирања, и едно лице почина, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, додавајќи дека сѐ уште се чекаат податоци од една приватна лабораторија. Дваесет и пет лица се оздравени.

    На Инфективната клиника во Скопје примени се шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 40. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје вкупно хоспиталиизрани се 27 лица, а шестмина се на респираторна машина.

    Во  Битола се 7 вхоспитализирани, во Штип 14, а на инфективните одделенија во Охрид, Велес и Куманово вкупно има 27 пациенти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира