Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на КОВИД-19, и вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава изнесува 828 лица, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Четирисет и еден пациент се излекувани, 34 починаа, а активни случаи се 733.
По градови новите пациенти се од:
– Скопје 15
– Куманово 18
– Прилеп 14
– Тетово 2
– Струга 10
– Велес 6
– Битола 1
– Гостивар 1
– Кочани 1
Во изминатото деноноќие направени се 404 теста,. Досега се направени вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.
На Инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.
Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка.
На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.