Бројот на починати во последниот квартал до 2020 година и првиот квартал од 2021 година е за 7.559 поголем од бројот на живородени деца во истиот период, според податоците на Државниот завод за статистика.
Овој период од октомври минатата година до март годинава ги опфаќа вториот бран на пандемијата на коронавирус и екот на третиот бран.Според официјалните бројки на Министерството за здравство, во овој период (октомври-март), од компликации поврзани со ковид-19 починале 3.067 лица.
Во октомври, ноември и декември минатата година имало 4.935 живородени деца, а починале 9.465 лица, што е негативен природен прираст од 4.530, додека во јануари, февруари и март годинава имало 3,896 живородени деца, а починале 6,925 лица, за негативен прираст од 3.029.
За споредба, во третиот квартал (јули, август, септември) минатата година имало 5.141 живородени деца, а починале 5.419 лица, што е негативен природен прираст од 278.Во вториот квартал од 2020 (април, мај, јуни) имало негативен природен прираст од 468, а во првиот квартал (јануари, февруари, март) минатата година имало негативен природен прираст од 910.
Заклучно со вчера, според податоците на Министерството за здравство, од компликации поврзани со ковид-19 починале 5.474 лица.
М.ИЛИОСКИ