ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД 2020 УМРЕЛЕ 90% ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ИСТИОТ ПЕРИОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

    ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД 2020 УМРЕЛЕ 90% ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ИСТИОТ ПЕРИОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНАПогребален сервис пред Инфективната клиника во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Како последица на пандемијатa со КОВИД-19, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година (октомври, ноември, декември) бележи зголемување од 89.1.% во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 9.465 лицa, соопшти Државниот завод за статистика.

    Природниот прираст во овој период, според податоците на ДЗС, изнесува минус 4.530, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

    Претходно, ДЗС соопшти дека бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2020 година (јули, август и септември) бележи зголемување од 15,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5.419 лицa.

    Од почетокот на пандемијата кај нас, според официјалните бројки на Министерството за здравство, од ковид-19 се почина 3.111 лица, заклучно со вчера.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира