7 ПОЧИНАТИ, 89 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД КОИ 35 СЕ ОД СКОПЈЕ

    7 ПОЧИНАТИ, 89 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД КОИ 35 СЕ ОД СКОПЈЕШестмина од пациентите починаа во ГОБ „8 Септември“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Седум починати од КОВИД-19 и 89 новозаболени пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа, стои во статистиката на Институтот за јавно здравје. Вкупно се направени 727 тестови.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

    Од новозаболените, најмногу,  35 се од Скопје, 27 од Штип, 12 од Куманово, седум во Тетово, во Кочани 4. По еден има од Прилеп, Гостивар, Гевгелија, Струмица и Свети Николе.

    Оздравени се 17 пациенти.

    Регистрираните новозаболени се од следниве градови:

    – Скопје 35
    – Куманово 12
    – Штип 27
    – Прилеп 1
    – Тетово 7
    – Гостивар 1
    – Струмица 1
    – Кочани 4
    – Свети Николе 1

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во:
    – Скопје 2
    – Прилеп 12
    – Велес 3

    Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира