Во болнички услови по компликации од ковид-19 починаа 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72, 84 и 65), еден од Прилеп (65), еден пациент од Тетово (62), еден од Гостивар (74) и еден пациент од Кичево (58), соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од: Скопје-72, Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Ресен-1, Неготино-2.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 14.004, оздравеа 10.722, починаа 585, а активни случаи се 2.697. енес се евидентира еден контролен од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.821, активни 847
• Куманово 1.420, активни 371
• Дебар 243, активни 78
• Штип 1.119, активни 214
• Прилеп 435, активни 92
• Тетово 1.202, активни 179
• Струга 553, активни 59
• Велес 265, активни 26
• Битола 199, активни 41
• Охрид 331, активни 30
• Кавадарци 173, активни 71
• Гостивар 761, активни 269
• Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 59, активни 21
• Крива Паланка 39, активни 11
• Радовиш 41, активни 12
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 138, активни 25
• Пробиштип 78, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 17
• Македонски Брод 70, активни 20
• Пехчево 15, активни 9
• Берово 50, активни 41
• Валандово 8, активни 1
• Виница 64, активни 36
• Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 1
• Свети Николе 281, активни 58
• Кичево 268, активни 75
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.529 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-249, МАНУ -81, Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со ПЦР метода -287, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-9, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 110
• Гази Баба – 107
• Аеродром – 101
• Карпош – 86
• Центар – 90
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 19
• Сарај – 28
• Арачиново – 16
• Илинден – 11
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 5
• Нераспределен – 1