73,5 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СЕ МАКЕДОНЦИ, 20,3 ОТСТО СЕ АЛБАНЦИ

    73,5 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СЕ МАКЕДОНЦИ, 20,3 ОТСТО СЕ АЛБАНЦИСпоредено со претходната година, во 2021 година бројката на вработени во јавниот сектор е зголемена за 905. - Министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Јавниот сектор во Македонија има 132 илјади вработени, од кои 73,58 отсто се Македонци, а 20,35 отсто се Албанци, според Извештајот за вработените во јавниот сектор 2021, презентиран денеска од министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити. Останатите вработени се Турци (1,95%), Роми (1,19%), Срби (1,07%), Бошњаци (0,49%) и Власи (0,43%).

    Споредено со претходната година, бројката на вработени во јавниот сектор е зголемена за 905. Но, вели Алити, во органите на државната управа се вработени само 15.302 и тука има намалување од 643 вработени. Најмногу вработени во јавниот сектор има во образование (33%), по што следуваат здравство (19%), управа (13%), комунални дејности (9%), детска заштита и социјална политика (7%)…

    Според извештајот, во јавниот сектор се вработени повеќе жени (55,3%) отколку мажи (44,37%). Просечната возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира