8 ПОЧИНАТИ, 134 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД КОИ 97 ВО СКОПЈЕ

    8 ПОЧИНАТИ, 134 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД КОИ 97 ВО СКОПЈЕВкупно досега починати од КОВИД-19 се 201. - Амбулантно возило пред Ургентен центар (Фото: К. Попов)

    Во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.173 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи, 97 се од Скопје, 11 од Тетово, 7 од Ресен, 5 од Куманово, 3 од Струга, по 2 од Крушево и Кичево и по 1 од Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Валандово, Кратово и Неготино.

    Денеска се регистрирани и 8 починати пациенти.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77) примен на 6 јуни и пациентка (77) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67) и пациентка при прием (71). Позитивни резултати на КОВИД-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

    Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие, 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на КОВИД-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, а со потешка клиничка слика се 23 пациенти.
    Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира