80 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ЗА ДРЖАВНА СЛУЖБА ТРЕБА ПАРТИСКА КНИШКА

    80 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ЗА ДРЖАВНА СЛУЖБА ТРЕБА ПАРТИСКА КНИШКАКафе пауза во центарот на Скопје. Од 2006 до 2012 година во администрацијата биле вработени околу 26 илјади лица, или вкупно до сега од државниот буџет плата земаат околу 130 илјади граѓани (Фото:Ѓ. Личовски)

    Иако граѓаните сметаат дека администрацијата не е доволно стручна и компетентна и не е доволно запознаена со проблемите на граѓаните и иако е товар за стопанството,  43 отсто  сметаат дека не се потребни отпуштања на вработените, туку  треба само нивно усовршување и дообука .

    Околу 80 отсто од граѓаните  сметаат дека за да се вработиш во државна служба треба да имаш партиска книшка, а способноста и квалификациите се на второ место, покажала анкетата за работата на државната и јавната администрација изработена од  невладината организација “Центар за управување со промени“, со поддршка на британската амбасада во Скопје.

    Според истата анкета за граѓаните најпривлечна е работата во државниот сектор , бидејќи работата е сигурна, во помал обем и платата е поголема отколку во приватниот сектор,

    80 отсто од анкетираните не одобруваат партиски вработувања. Речиси две третини од граѓаните(64,6%) сметаат дека партиските вработувања се главен проблем во функционирањето на институциите во Македонија.  Околу 35 отсто сметаат дека администрацијата не е стручна и компетентна  да ги реши нивните проблеми, а  скоро 48 отсто пак сметаат нивото на јавните услуги не е променето последниве три години.

    Околу 40 отсто од граѓаните ја оцениле практиката за вработување во администрацијата како мнофу нефер и неправедна. Како причина,  околу 42 отсто од граѓаните ги навеле партиските вработувања, а околу 9 отсто како неправедна ја потенцираат и практиката за вработување преку познати лица.

    Од 2006 до 2012 година во администрацијата биле вработени околу 26 илјади лица, или вкупно до сега од државниот буџет плата земаат околу 130 илјади граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира