Осумдесет и четиригодишен скопјанец попладнево во својот дом во Oпштина Бутел гo убил внукот и ги застрелал сопругата и ќерка си, а потоа се самоубил, потврди МВР. Убиството се случило околу 13 часот, на улицата Хо Ши Мин во скопската населба Бутел 1.
Застреланиот 32-годишен внук починал на самото место, а сопругата и 58-годишната ќерка во критична состојба биле префрлени во Ургентниот центар и според МВР се во животна опасност.
МВР работи на расветлување на случајот и најави дополнителни детали за подоцна.