9 ПОЧИНАТИ, 137 НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 24 ЧАСА ОД 1.542 ТЕСТОВИ

    9 ПОЧИНАТИ, 137 НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 24 ЧАСА ОД 1.542 ТЕСТОВИДевет лица починаа по компликации од коронавирус во изминатите 24 часa; - Возило на Брза помош пред Скопскиот клинички центар. (Фото: К. Попов)

    Девет лица починаа по компликации од коронавирус во изминатите 24 часа,  а од 1.542 тестирања, регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Тројца пациенти починаа во Скопје (48, 78 и 57 години), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г). Од нив седум пациенти се починати во болница, двајца надвор од болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.

    Новите случаи на ковид-19 се регистрирани во:

    -Скопје 60
    -Куманово 13
    -Дебар 5
    -Штип 16
    -Прилеп 3
    -Тетово 7
    -Струга 1
    -Велес 3
    -Битола 5
    -Охрид 1
    -Гостивар 11
    -Кочани 1
    -Пробиштип 1
    -Демир Хисар 1
    -Виница 1
    -Свети Николе 3
    -Кичево 5

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од:

    -Скопје 53
    -Дебар 3
    -Штип 1
    -Прилеп 6
    -Тетово 7
    -Велес 5
    -Битола 2
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 11
    -Струмица 1
    -Крушево 1
    -Кичево 3
    -Ресен 9

    Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 9.934, од кои оздравеа 5.357,  починаа 460, а активни се 4.117.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 269
    • Аеродром – 213
    • Бутел – 141
    • Гази Баба – 197
    • Центар – 157
    • Карпош – 171
    • Сарај – 111
    • Кисела Вода – 178
    • Ѓорче Петров – 129
    • Студеничани – 101
    • Шуто Оризари – 120
    • Арачиново – 34
    • Илинден – 24
    • Петровец – 22
    • Чучер Сандево – 11
    • Сопиште – 21
    • Зелениково- 10
    • Странец – 7
    • Нераспределен- 4

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира