9 ПОЧИНАТИ И 198 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.996 ТЕСТОВИ

    9 ПОЧИНАТИ И 198 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.996 ТЕСТОВИБројот на починати од ковид-19 е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 198 нови случаи на ковид-19 од направени 1.996 тестови, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Новите случаи се од: Скопје – 120, Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни, регистрирана е 31 реинфекција.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: 2 од Скопје (70г и 92г) и по 1 од Прилеп (73г) и Битола (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

    Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.

    Направените 1.996 тестови се преку: ИЈЗ-180, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–76, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-67, Биотек-57, Систина-28, лабораторија Лаор-109, Синлаб-3, Ремедика-1, Плодност-24, Генеа-7, Никоб Лаб-172, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 881.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 140854, Активни 1094
    Куманово 16391, Активни 90
    Битола 14458, Активни 135
    Прилеп 13776, Активни 148
    Тетово 13378, Активни 57
    Кавадарци 10266, Активни 86
    Велес 9592, Активни 101
    Гостивар 9485, Активни 30
    Охрид 8582, Активни 50
    Струмица 7939, Активни 24
    Штип 7935, Активни 22
    Кичево 5490, Активни 46
    Кочани 5001, Активни 22
    Струга 4664, Активни 10
    Гевгелија 4299, Активни 21
    Неготино 3631, Активни 15
    Ресен 2637, Активни 32
    Свети Николе 2607, Активни 4
    Радовиш 2490, Активни 13
    Крива Паланка 2393, Активни 15
    Делчево 1901, Активни 1
    Дебар 1658, Активни 13
    Берово 1631, Активни 3
    Валандово 1463, Активни 5
    Виница 1363, Активни 15
    Пробиштип 1258, Активни 2
    Богданци 1010, Активни 7
    Кратово 948, Активни 11
    Крушево 912, Активни 5
    Демир Хисар 823, Активни 7
    Македонски Брод 732, Активни 2
    Демир Капија 582, Активни 3
    Македонска Каменица 521, Активни 2
    Пехчево 482, Активни 0
    Дојран 339, Активни 0

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира