Девет лица починаа од компликации од коронавирус, а во последните 24 часа се регистрирани 193 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.391 тестирање, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од :
-Скопје 140
-Куманово 2
-Дебар 1
-Штип 6
-Тетово 19
-Струга 5
-Велес 2
-Охрид 11
-Гостивар 4
-Свети Николе 1
-Ресен 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.
Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во Болницата Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, а во Болницата во Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:
-Скопје 35
-Куманово 1
-Штип 6
-Тетово 1
-Струга 1
-Гостивар 1
-Валандово 1
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 4.482, оздравени се 1.803, починати се 210, а активни случаи има 2.469.