АДВОКАТИТЕ НА ГРУЈОВСКИ ПОДНЕСОА ЖАЛБА НА ПРИТВОРОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:21:"Скопје,(META)

    АДВОКАТИТЕ НА ГРУЈОВСКИ ПОДНЕСОА ЖАЛБА НА ПРИТВОРОТ

    Адвокатскиот тим на првоосмничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски поднесе жалба на притворот за началникот на петтата управа.

    „Барањето е испратено до судија на претходна постапка и кога ќе бидат комплетирани списите ќе бидат доставени на одлучување до Кривичниот совет. Според законот за Кривична постапка, Кривичниот совет има рок од 48 часа да одлучи за жалбата“, велат за „Мета“ од судот.

    Од судот засега нема информации дали се пристигнати барањата од Специјалното јавно обвинителство за одредување на мерки на претпазливост на останатите тројца осомничени во „Тврдина“ меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но се очекува во текот на денот тие да бидат предадени во судот .

    Мерките за претпазливост се одземање на пасош, забрана за напуштање на живеалиште и повремено јавување кај надлежен суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира