АДВОКАТИТЕ ВО „ТИТАНИК“ ПОБАРАА ОДЛАГАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗАШТО КАТИЦА ЈАНЕВА СИ ПОДНЕЛА ОСТАВКА

    АДВОКАТИТЕ ВО „ТИТАНИК“ ПОБАРАА ОДЛАГАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗАШТО КАТИЦА ЈАНЕВА СИ ПОДНЕЛА ОСТАВКАЗа денешното судење од куќен притвор беа спроведени Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мунир Пепиќ. (Фото: К.Попов)

    Адвокатите на обвинетите во најголемиот случај на СЈО „Титаник“, кој го застапува обвинителката Лиле Стефанова, денеска побараа одлагање на рочиштето, поради „новонастанатата ситуација“, како што рекоа и поради најавената оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева.

    „Новонастанатата ситуација е работа на друго обвинителство, кое треба да ги расчисти работите. Ако одлагаме, може да упаднеме во истрагата. Оставката е констатирана и условена со други дејства што треба да се направат. Нема правни пречки да продолжиме денеска“, им кажа судијата за организиран криминал Шабани.

    Во „Титаник“ на СЈО, има 20 обвинети, плус азилантот во Унгарија Никола Груевски.

    Од куќен притвор беа спроведени Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мунир Пепиќ. Дојдоа и обвинетите Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска, Едмонд Темелко и останатите.

    Освен за злосторничко здружување, овие 20-тина се обвинети и за тешки изборни нерегуларности.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира