Премиерот Зоран Заев е подготвен да го задржи Арбен Таравари како министер за здравство ако тој не победи за градоначалник во Гостивар, како кандидат на партијата Движење за реформи на ДПА на Зијадин Села.
Во интервју на ТВ Телма тој рече: „Во овој човек гледам квалитетен министер. Оставете ги луѓето слободно да ги избираат одлуките. Мојата демократска поставеност како шеф на оваа влада има граници. Да не преминеме во диктаторство. Не би сакал да се откажам од квалитетен човек ако изгуби“.