AKO НЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ ИМА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК, НАЈАВИ СИНДИКАТОТ

    AKO НЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ ИМА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК, НАЈАВИ СИНДИКАТОТПретседателот на ССМ Дарко Димовски рече дека в петок ќе се носи конечната одлука за штрајк; - Од првомајскиот синдикален протест. (Фото: К. Попов)

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во Охрид побара итно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари и повлекување на предложените измени на Законто за работни односи за недела да е работен ден во туристичките места, во спротивно, како што најавија, ќе има генерален штрајк и блокада на сите институции.

    Претседателот на ССМ Дарко Димовски рече дека в петок ќе се носи конечната одлука за штрајк, кој според него е неминовен, посебно откако Владата не ги продолжи антикризните мерки со што се очекува нов бран поскапувања.

    „Владата како трет социјален партнер ни вети за време на преговорите по општиот и колективен договор за јавниот сектор дека со ребалансот на Буџетот и новиот Буџет за извршување ќе предвидат средства за нас работнците за линеарно зголемување од 2.806 денари. Бараме тоа да го направи уште утре доколку сака да го избегне она што ни е законско право и обврска, а тоа е генерален штрајк и блокада на сите институции. Ако нема пари за работникот ќе нема за никого, бидејќи дојде време сите да ја биеме битката за гола егзистенција и преживување како на работнциите така и на нивните фамилии“, рече Димовски.

    Иван Пешевски, потпретседател за приватен сектор во ССМ, кажа дека со ваква инфлација не е доволна ниту минималната плата ниту линеарното зголемување на платите.

    „Без разлика дали е приватен или јавен сектор, работникот во Македонија повеќе нема да има никаков бенефит од 2.806 денари линеарно зголемување и затоа во иднина како претставници на Сојуз на синдикати на Македонија ќе бараме и поголемо зголемување на платите и тоа да биде во најскор можен рок, а не да го чекаме септември и имплементација на членот 8 од Законот за исплата на минимална плата“, рече Пешевски.

    Од ССМ кажаа дека работниците се револтирани и за најавените измени во Законот за недела неработен ден со кои се предлага да се работи во недела во туристичките места.

    „Имаме големо незадоволство меѓу работниците, бидејќи голем бенефит за нив е недела неработен ден и нема цена што би ги натерала да работат во недела, знаејќи дека денот го поминуваат заедно со своите фамилии. Сметаме дека предлогот од Министерството за економија е крајно неприфатлив како за нас претставниците на работниците, синдикатите така и за самите работнции во трговијата и бараме од Собрнаието да не бидат изгласани овие законски измени, со цел да не ги оштетиме работниците и да не ги уназадиме работничките права, рече Димовски.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира