АКО ОПОЗИЦИЈАТА Е ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ, СЈО ДА СЕ ИНТЕГРИРА ВО РЕДОВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, МУ КАЖА РОТ НА ЗАЕВ

    АКО ОПОЗИЦИЈАТА Е ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ, СЈО ДА СЕ ИНТЕГРИРА ВО РЕДОВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, МУ КАЖА РОТ НА ЗАЕВПремиерот Заев Заев рече дека е предвидено СЈО да стане дел од Јавно обвинителство како посебно одделение согласно Стратегијата за реформи во правосудството. - Михаел Рот и Зоран Заев (Фото: Влада на РМ)

    Михаел Рот, државниот министер за Европа во германското МНР, препорача Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во редовното Јавно обвинителство, ако не може да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за продолжување на мандатот. На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата, тој кажа дека иако се работи за проблематично решение, ќе биде сосема во ред ако функционира, бидејќи мора да продолжат истрагите поврзани со прислушувањето.

    „Двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но ме информираа дека опозицијата е против продолжување на мандатот и затоа треба СЈО да го интегрирате во редовните структури на обвинителството. Тоа е проблематично решение, но ако функционира тоа, сосема е во ред“, изјави Рот.

    Заев, пак, рече дека е предвидено СЈО да стане дел од Јавно обвинителство како посебно одделение согласно Стратегијата за реформи во правосудството.

    Според актуелниот Закон за СЈО, обвинителството на Катица Јанева има 18 месеци од преземањето на предметите за отворање или затворање на истраги и на обвиненија. Ставот 3 од членот 1 вели дека законот ќе биде на сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието и може да се продолжува еднаш годишно, со одлука донесена со двотретинско мнозинство од пратениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира