АКО СЕГА НЕ СЕ ДЕБЛОКИРА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, КОЈЗНАЕ КОГА, СЕ СОГЛАСИЈА КОВАЧЕВСКИ И ВАРХЕЈИ

    АКО СЕГА НЕ СЕ ДЕБЛОКИРА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, КОЈЗНАЕ КОГА, СЕ СОГЛАСИЈА КОВАЧЕВСКИ И ВАРХЕЈИЕврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Оливер Вархеји денеска во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји заеднички констатираа дека европската интеграција на Северна Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија, и се согласија дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Северна Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, соопштија од Владата по нивната денешна средба.

    „На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот. Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија. Исто така постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна“, велат од Владата.

    Ковачевски на средбата рекол дека останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со бугарскиот премиер Петков при воспоставувањето на дијалогот и очекува односи на оваа база.

    „Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ“, вели Ковачевски.

    На 22 април, Петков кажа дека Бугарија треба да го помести ветото за македонските евроинтеграции, а не да го подигне. Според него, бугарските барања треба да бидат вклучени во преговорите за членство на Македонија со ЕУ и Европа да гарантира дека ќе бидат исполнети. Но, бугарскиот премиер вели дека засега нема договор во Бугарија да биде подигнато ветото до јуни, кога е првиот нареден состанок на Европскиот совет и најави гласање за прашањето во бугарскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира