ЏАФЕРИ КРЕВА РАМЕНИЦИ НА ПРАШАЊЕ ЗОШТО АБАЗИ НЕ ИСТРАЖУВА СОМНЕВАЊА ЗА КРИМИНАЛ НА БРАЌАТА ГРУБИ, ВЕЛИ ДЕКА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ МЕША НА ОБВИНИТЕЛОТ

    ЏАФЕРИ КРЕВА РАМЕНИЦИ НА ПРАШАЊЕ ЗОШТО АБАЗИ НЕ ИСТРАЖУВА СОМНЕВАЊА ЗА КРИМИНАЛ НА БРАЌАТА ГРУБИ, ВЕЛИ ДЕКА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ МЕША НА ОБВИНИТЕЛОТЏафери кажа дека Собранието смее само да ги разгледува извештаите за работата на обвинителството, кои се праќаат со задоцнување и по една година, а нема овластувања да му се меша во работата. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на прашање дали неговиот син кога ќе биде избран деновиве за обвинител, ќе смее да собира докази да гони криминал во ДУИ, партијата од која е и татко му, одговори: „Ќе видите”.

    „Нека бира. Или ќе ја врши обврската професионално и ќе гони криминал неселективно, што значи и во ДУИ ако има, според месната надлежност кај што ќе биде избран, или него ќе го затворат. Ќе видите”, рече Џафери.

    На споредбата дека шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази, сликан со врвот на ДУИ, не мрда со прст ни да ја провери аферата со браќата Груби, Џафери кажа дека Собранието смее само да ги разгледува извештаите за работата на обвинителството, кои се праќаат со задоцнување и по една година, а нема овластувања да му се меша во работата.

    И по над 100 дена од изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, ниту се завршија почнатите истраги против високи функционери, ниту се отворија нови, барем по допрен глас.

    Борбата против корупцијата во Обвинителството за организиран криминал по доаѓањето на Абази, како целосно да застана. Нема информации дека е отворена предистрага да се испитаат барем тврдењата за корупција меѓу првиот вицепремиер Артан Груби и брат му, газда на туристичката агенција ЕТЦ Травел, што е актуелна тема деновиве.

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ секојдневно тврди дека Артан Груби директно плаќал на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби, од буџетски пари. И Владата во периодот од 2020/21 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби, велат од партијата.

    Денеска во одговор на пратенички прашања, Груби кажа дека туристичката агенција на брат му добила субвенции од државата за време на пандемијата, исто како и другите агенции. За сите клевети на оваа тема, кажа дека ќе поднесе тужба пред Граѓанскиот суд Скопје.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира