АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОБВИНЕТА ЗА МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА СО КОКАИН

    АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОБВИНЕТА ЗА МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА СО КОКАИНОбвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложил на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата Стојановска (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против актерката Силвија Стојановска и уште едно лице за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

    По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител во истрагата утврдил дека во периодот од јули 2019 до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, купувале пренесувале и продавале кокаин во вкупна количина од 698.758 грама.

    Кокаинот тие го купувале од Колумбија. Го транспортирале до Мадрид и оттаму барале купувачи. За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (PROTECT 1207i).

    Обвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложил на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата Стојановска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира