АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОСЛОБОДЕНА ОД ОБВИНЕНИЕТО НА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА

    АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОСЛОБОДЕНА ОД ОБВИНЕНИЕТО НА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГАНа Стојановска ѝ се судеше по вторпат, откако Апелациониот суд ја укина првичната првостепена пресуда од три години и шест месеци затвор од јуни 2021 година. (архивска фотографија)

    Актерката Силвија Стојановска денеска во Основниот кривичен суд беше ослободена од обвинението за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин. На Стојановска ѝ се судеше по вторпат, откако Апелациониот суд ја укина првичната првостепена пресуда од три години и шест месеци затвор од јуни 2021 година.

    „Обвинетата Силвија Стојановска се ослободува од обвинението од причина што судечкиот совет смета дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила дело за кое се обвинува“, кажа судијата Огнен Ставрев.

    Тој додаде дека судот не ја гледа мрежата за шверц на дрога и дека Стојановска евентуално била помагач, но дека такво нешто нема во обвинението против неа.

    Обвинението за Стојановска дојде по меѓународната операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица, од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Шпанија.

    Покрај Стојановска, тогаш беше уапсен и нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на седум години затвор, а потоа Апелациониот суд му ја зголеми казната на 12 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира