Актерот Ѓорѓи Јолевски и професорите Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс се добитници на државната награда 23 Октомври за 2026 година, која денеска беше доделена во Кристалната сала на Собранието.
Одборот за доделување на државната награда 23 Октомври му го додели признанието на Јолевски за остварување во областа на културата и уметноста. За остварувања во областа на науката, наградата им беше доделена на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и на археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс.
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.



