АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК Е НАЈСТАР ВО ЕВРОПА, ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ЧЕСТ ДА БИДЕ СЛУЖБЕН ЈАЗИК, КАЖА ПРАТЕНИКОТ ХАЛИЛ СНОПЧЕ НА РАСПРАВАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

    АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК Е НАЈСТАР ВО ЕВРОПА, ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ЧЕСТ ДА БИДЕ СЛУЖБЕН ЈАЗИК, КАЖА ПРАТЕНИКОТ ХАЛИЛ СНОПЧЕ НА РАСПРАВАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИЗборувајќи на денешната седница за уставните измени, Снопче кажа дека албанскиот јазик е најстар јазик во Европа, стар 6.000 години. (Фото: Собраниски канал/принтскрин)

    Пратеникот на Алијанса за Албанците Халил Снопче вели дека Македонците сами треба да се ангажираат за албанскиот јазик да биде службен јазик, бидејќи,според него, за секоја европска држава ќе биде чест албанскиот јазик да биде службен јазик.

    Зборувајќи на денешната седница за уставните измени, Снопче кажа дека албанскиот јазик е најстар јазик во Европа, стар 6.000 години.

    „Македонците да покажат волја, посебно затоа што барањата на Бугарите и Грците дојдоа однадвор, а барањето на Албанците доаѓа одвнатре. Нашите сограѓани Македонци не треба да го сфаќаат како некој притисок, туку како параметар кој ги подобрува соживотот и коегзистенцијата. Според некои последни анализи, научни, од етнографи и етнолози, објaвени пред неколку месеци, албанскиот јазик е еден од најуникатните и најстарите јазици во Европа. 6.000 години стар јазик, ќе биде чест за секој европска држава албанскиот јазик да биде службен јазик. Ова е богатство за македонската држава, не само за Албанците. Како најстар јазик во Европа, 6.000 години, Македонците сами треба да се ангажираат за албанскиот јазик“, рече Снопче.

    Алијанса за Албанците, како и трите опозициски партии Алтернатива, Движење Беса, и Демократското движење, бараат заедно со уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата да се расправа за замена на уставната одредба за службен јазик – „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ со „албански јазик“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира