АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ЌЕ ПРАВАТ НОВО ТЕЛО ШТО ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ЌЕ ПРАВАТ НОВО ТЕЛО ШТО ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИТЕ

    Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена ќе формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албациите. Ова се двата заклучоци кои ги донеле албанските политички партии денеска на средбата во Скопје, соопшти лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села.

    „На средбата се дебатираше и дискутираше во врска со заедничката декларација потпишана од страна на албанските парламентарни политички партии. Требаше да бидат присутни сите партии и ги повикувам тие да ја свикаат наредната средба. Од средбата донесени се два заклучоци. Првиот е во рок од три дена албанските парламентарни политички партии да предложат по двајца претставници за да направиме правилник за функционирањето на албанските политички партии како тело. Под два, ќе правиме хармонизација на нашите ставови околу предлог Законот за употреба на јазиците кое ќе го предложи ова тело и кој ќе ги задоволува потребите на Албациите“, рече Села.

    Тој повтори дека потписите на пратениците на Алијансата за Албанците за добивање на мандат ќе ги дадат на СДСМ, но тоа дека не значи дека тие ќе бидат потписи за формирање на влада. Зборувајќи за мирот, тој рече дека македонските партии и Македонците се тие кои што јавно се заканувале и штетеле на мирот и на стабилноста во државата.

    На средбата, освен Села, присуствува и Гзим Острени, претседател на Унитети, Весел Мемеди од Националната демократска преродба, претседателот на ДУИ Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет Артан Груби. Али Ахмети ја напушти средбата без да даде изјава за новинарите.

    Лидерот на Беса, Билал Касами не присуствуваше на средбата, а партијата преку истакна дека „не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на Заедничката Декларација на албанските парти во Македонија“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира