„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ СИ ЗАМИНУВА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ СИ ЗАМИНУВА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМОстранувањето на буквите со кран почна утринава (Фото: Ѓ. Личовски)

    Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“.

    Од операторот на аеродромот турскиот конзорциум ТАВ нема информации што ќе стои на местото на досегашните букви, ниту пак дали ќе се отстранува и споменикот на Александар што  стои во одделот за пристигнување на патници.

    Владата на 4 февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport).

    Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.

    Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.

    Промената на таблите на автопатот почна пред неколку дена.

    Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27 декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски. Всушност, со таа одлука почна процесот кој во македонската јавност е именуван како „антиквизација“ на Македонија. Две години подоцна, исто така со владина одлука, автопатот беше именуван „Александар Велики“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира