СЕ ОТСТРАНУВААТ ТАБЛИТЕ „АВТОПАТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“, СЕ ПЕЧАТАТ НОВИТЕ „ПРИЈАТЕЛСТВО“ НА ТРИ ЈАЗИЦИ

    СЕ ОТСТРАНУВААТ ТАБЛИТЕ „АВТОПАТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“, СЕ ПЕЧАТАТ НОВИТЕ „ПРИЈАТЕЛСТВО“ НА ТРИ ЈАЗИЦИНовите табли на автопатот Пријателство ќе чинат околу пет милиони денари. - Од симнувањето на старите табли (Фото: М. Златевска)

    Почна менувањето на 19-те табли на доскорешниот автопат „Александар Македонски“ и уште на шест на патот кон аеродромот, чиј назив беше исто така сменет со владина одлука пред околу три недели.

    „Сега е фазата на вадење на сообраќајните табли, па ќе следува кроењето. Сите се со различна големина, има табли и од 16 метри квадратни. Новите се печатат. Ќе бидат со истата зелена боја и бели букви со кои ќе биде напишано новиот назив на автопатот Пријателство. Лекторскиот дел е завршен, Пријателство ќе биде напишано на три јазика: македонски, англиски и француски“, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов.

    Новите табли на автопатот Пријателство ќе чинат околу пет милиони денари. Како ќе стигнуваат новите табли, така ќе се монтираат во наредните денови, вели Китанов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари