АЛИМИ И ГУРИ ОД ДУИ ЈА ФАЛСИФИКУВАЛЕ ИЗБОРНАТА ВОЛЈА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ЧАИР, КАЖА ФЕТАИ ВО ВОВЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА „ТИТАНИК 3“

    АЛИМИ И ГУРИ ОД ДУИ ЈА ФАЛСИФИКУВАЛЕ ИЗБОРНАТА ВОЛЈА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ЧАИР, КАЖА ФЕТАИ ВО ВОВЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА „ТИТАНИК 3“Судењето за предметот „Титаник 3“ продолжува на 19 јуни. - Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1 (Фото: М. Златевска)

    Обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ, водени од партиската и сопствената жед за политичка моќ, насилно и не бирајќи средства влијаеле врз изборните резултати во 2013 година во Општина Чаир, рече специјалната обвинителка Фатиме Фетаи во воведните зборови на судењето за предметот „Титаник 3“.

    Фетаи кажа дека обвинетите, незадоволни од изборните резултати на нивната партија, со криминален нагон ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на општина Чаир.

    „Обвинетите не бирале средства при формирањето на група која требала да генерира поголем изборен резултат. Како во изреката ’морковот и стапот‘, обвинетите на сведоците им велеле ’доколку не го сториш ова нема да поминеш добро‘ и ’имаме договор со ВМРО, ништо нема да ви се случи‘. Со тоа создале страв кај членовите на групата“, рече обвинителката Фетаи.

    Обвинетите на Ејуп Алими координатор на пратеничката група на ДУИ и неговиот сопартиец Исмет Гури се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се обвинети. Нивните адвокати кажаа дека ќе докажат дека нивните клиенти не учествувале во уништување на изборните резултати и побараа извештај од МВР дали на тој ден било пријавено насилство во просториите на Општина Чаир каде што се наоѓала општинската изборна комисија.

    Наредното рочиште, кога ќе се изведуваат материјални докази, е закажано за 19 јуни.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари