„АЛКАЛОИД“ ДОНИРАШЕ ДЕЗИНФЕКЦИСКИ СРЕДСТВА ЗА СТУДЕНТСКИТЕ И УЧИЛИШНИТЕ ДОМОВИ ВО СКОПЈЕ ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

    „АЛКАЛОИД“ ДОНИРАШЕ ДЕЗИНФЕКЦИСКИ СРЕДСТВА ЗА СТУДЕНТСКИТЕ И УЧИЛИШНИТЕ ДОМОВИ ВО СКОПЈЕ ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИДонацијата се состои од 16.000 литри антисептички средства („медикал“ гел и „екосал форте“ полиалкохолен раствор) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција („дезинтал“ 0,2%), во вкупен износ од близу пет милиони денари.

    „Алкалоид АД Скопје“ донираше производи од својата палета на антисептички и дезинфекциски средства за студентските и училишните домови во Скопје пред стартот на нобата учебна година, соопшти компанијата.

    Донацијата се состои од 16.000 литри антисептички средства („медикал“ гел и „екосал форте“ полиалкохолен раствор) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција („дезинтал“ 0,2%), во вкупен износ од близу пет милиони денари.

    „Оваа учебна година по многу нешта ќе се разликува од сите досегашни, но едукацијата е клучен фактор за развој на здраво општество и неминовно е дека ќе мора да се направи адаптација кон новото нормално, имајќи го предвид најважното: здравјето на студентите. Во таа насока, ние како компанија дадовме мал придонес кон адаптација на новите прилики во студентските и училишните домови, донирајќи антисептици и средства за дезинфекција. Почитувајте ги мерките за заштита и чувајте се“, истакна генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов.

    Место на 1 септември, новата учебна година почнува задутре.

    „Донацијата од ‘Алкалоид’ не само што ќе го заштити здравјето на учениците, студентите и вработените, туку и ќе го олесни спроведувањето на протоколите. Се надевам дека истите ќе се сфатат сериозно и ќе се почитуваат“, изјави Дарио Николовски, директор на Државен студентски дом во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира