АЛКАЛОИД ПРОСЛАВИ ОСУМ ДЕЦЕНИИ ПОСТОЕЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЛКАЛОИД ПРОСЛАВИ ОСУМ ДЕЦЕНИИ ПОСТОЕЊЕ

    Фармацевтската компанија „Алкалоид АД Скопје“ прослави 80 години од своето постоење. Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“, рече дека компанијата и натаму ќе ја остварува својата основна мисија, односно нивното мото „Здравјето пред се“. Тој им се заблагодари на генерации вработени кои се вложувале во компанијата.alkaloid-10 „Би сакал да се заблагодарам што денес сте тука со нас, што заедно можеме да прославиме осум децении истражување, развој, иновации и континурано вложување во основната мисија на Алкалоид, а тоа е подобар и поздрав живот. За да биде Алкалоид така успешен, како што е денес, треба да се заблагодариме на генерациите кои работеа во Алкалоид од 1936 година па се досега“, кажа Мукаетов на синоќешната прослава во хотелот „Александар палас“.alkaloid-7Во 1936 година „Алкалоид“ е основана како компанија со два погона и 15 работници, кои произведувале 350 килограми фармацевтски производи. Денеска, „Алкалоид“ е компанија со над 1.600 вработени, која работи на над 30 пазари во светот. „Алкалоид“ е водечка фармацевтска компанија во Македонија и шеста во регионот на Југоисточна Европа. Дуке Бојаџиев, бендот Фрајле и Петар Грашо ги забавуваа гостите на роденденот на „Алкалоид“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира