АМБАСАДАТА НА САД ПОВИКУВА НА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА И СОБИРАЊЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОДУКТИ

    АМБАСАДАТА НА САД ПОВИКУВА НА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА И СОБИРАЊЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОДУКТИ

    Амбасадата на САД денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехрамбени продукти во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

    Заинтересираните дарители на крв, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД утре од 9:00 – 16:00 часот.

    На овој начин Амбасадата го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање. Националниот ден на служба и сеќавање започна да се одбележува во 2002 година преку добротворни акции, да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите што помогнале во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон, подржан од двете партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира