АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦКОСКИ ЗА ПОДДРШКАТА НА КАНДИДАТУРАТА НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО

    АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦКОСКИ ЗА ПОДДРШКАТА НА КАНДИДАТУРАТА НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТОШеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. (Фото: СДК.МК)

    Американската амбасадорка Анџела Агелер ѝ честиташе на Радмила Шекеринска на изборот за заменичка-генерален секретар на НАТО, а честитка упати и до Владата и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката за нејзината кандидатура.

    „Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменичка-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша амбасадорка на САД во Скопје на социјалните мрежи.

    Денеска, генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ.

    „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте.

    Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира