АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ПЕНДАРОВСКИ И НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ГО ИСКОРИСТИЈА ПРАВОТО ДА ГЛАСААТ

    АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ПЕНДАРОВСКИ И НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ГО ИСКОРИСТИЈА ПРАВОТО ДА ГЛАСААТАмбасадата на САД ги поздрави првичните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека претседателските избори беа добро организирани. - Од гласањето на вчерашните претседателски избори (Фото: Ѓ. Личовски)

    Американската амбасада им честиташе на граѓаните на Северна Македонија кои го искористија правото да гласаат на претседателските избори и му честиташе на Стево Пендаровски на победата и оттаму велат дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со него, владата и сите политички партии на патот на Северна Македонија кон иднина во НАТО и ЕУ.

    „Ги поздравуваме првичните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите беа добро организирани и дека почитувањето на фундаменталните слободи придонесе за демократски процес. Овие наоди се во согласност со оние на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги надгледуваа и првиот и вториот круг од изборите. Ако има сомневања за нерегуларности, ги охрабруваме граѓаните, граѓанското општество и медиумите, без оглед на политичката наклонетост, да ги пријават кај надлежните“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира