АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ РАЗГОВАРАА СО ЏАФЕРИ И ПРАТЕНИЦИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА

    АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ РАЗГОВАРАА СО ЏАФЕРИ И ПРАТЕНИЦИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДААмериканските конгресмени со амбасадорот Џес Бејли и претседателот на Собранието Талат Џафери. (Фото: Фејсбук/Амбасада на САД)

    Делегација на американскиот Конгрес, предводена од конгресменот Боб Гудлате, денеска беше во Македонија и се сретна со спикерот Талат Џафери и пратеници во рамките на регионалната посета, соопшти Амбасадата на САД во Скопје. Од амбасадата велат дека на состаноците се разговарало за зајакнување на владеењето на правото во Македонија, за воената соработка, и процесот на формирање на влада.

    Конгресмените се сретнаа и со специјалната обвинителка Катица Јанева и со министрите за одбрана и надворешни работи Зоран Јолевски и Никола Попоски. Делегацијата ја посетила и касарната Илинден, каде Воената полиција ја презентирала опремата финансирана од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира