АМНЕСТИРАНИ ВО ПРВАТА ТУРА ЗА 27 АПРИЛ СЕ СИТЕ ОБВИНЕТИ ПРАТЕНИЦИ И ДВАЈЦА ПАСИВНИ НАБЉУДУВАЧИ СО ФАНТОМКИ

    АМНЕСТИРАНИ ВО ПРВАТА ТУРА ЗА 27 АПРИЛ СЕ СИТЕ ОБВИНЕТИ ПРАТЕНИЦИ И ДВАЈЦА ПАСИВНИ НАБЉУДУВАЧИ СО ФАНТОМКИСите обвинети за 27 април имаат испратено барање за амнестија, освен Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски и Јане Ченто и Игор Југ. - Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски (Фото: СДК.МК)

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски се амнестирани денеска од страна на кривичен совет во Основниот суд Скопје 1.

    Во првата тура, покрај овие пет обвинети за организираниот напад на 27 април лани, амнестирани сѐ уште и вработените во кабинетот на Трајко Вељаноски, експретседателот на Собранието, обвинетите Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски, потоа телохранителот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Захарије Симовски, браќата Стефан Младеновски и Михаил Младеновски, Митре Питроповски (со фантомка, ама според снимките пасивен набљудувач) и Илија Славевски, кој исто така е во притвор како Питроповски. Питроповски и Славевски излегуваат од притвор.

    12-мината амнестирани ги наброја вечерва во емисијата „24 анализа“ на телевизијата 24 претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев.

    За сите овие обвинети позитивно мислење претходно даде Обвинителството за организиран криминал. До ОЈО Скопје стигнале 37 барања за мислење за амнестија на лица обвинети или неправосилно осудени за 27 април. Ова обвинителство за САКАМДАКАЖАМ.МК најави дека мислењата до Основниот суд Скопје ќе ги испрати утре.

    Сите имаат испратено барање за амнестија, освен Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира