АНГАЖИРАНИ УШТЕ ДВАЈЦА ПИЛОТИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ, „ЕР ТРАКТОРИТЕ“ ЌЕ ГИ ВОЗАТ ВКУПНО ПЕТМИНА

    АНГАЖИРАНИ УШТЕ ДВАЈЦА ПИЛОТИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ, „ЕР ТРАКТОРИТЕ“ ЌЕ ГИ ВОЗАТ ВКУПНО ПЕТМИНАДвајца нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија.(Фото: ДЗС)

    Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) оваа година ќе има пет пилоти кои ќе ги возат „ер тракторите“ за гаснење пожари. Двајца нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

    „По синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти коишто имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони. Пилотите пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, имаат богата летачка работна биографија“ соопштија од Дирецијата за заштита и спасување.

    Лани во државата имаше само еден пилот за гасење шумски пожари со авион, бидејќи двајца отидоа во пензија. Поради тоа, беше донесена одлука со договор на дело за ланската сезона да бидат ангажирани пилотите кои отидоа во пензија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира